
Соопштение на ВЛЕН:
Коалицијата ВЛЕН објавува дека на изборите за Општина Гостивар на 11 јануари, наш кандидат за градоначалник ќе биде Невзат Бејта.
Одлуката доаѓа по интерен процес на консултации и анкети со граѓаните на Гостивар, каде што Бејта убедливо резултираше како најдоверлив и најпосакуван избор. Граѓаните го ценеа неговото искуство, имплементираните проекти и позитивното влијание што го имаше за време на претходните мандати на чело на општината.
ВЛЕН верува дека Невзат Бејта претставува стабилност, професионализам и визија за континуиран развој на Гостивар. Коалицијата останува посветена на тоа да им понуди на граѓаните силни алтернативи и докажани кандидатури во конкретни работи.

