
Политичката коалиција ВЛЕН упати честитка до верниците по повод големиот христијански празник Божиќ, со порака за мир, заедништво и меѓусебна почит.
,,Божиќ нè потсетува дека љубовта, почитта и човечноста секогаш треба да стојат на прво место.
Во овие празнични денови да се потсетиме дека јазиците што ги зборуваме македонскиот, албанскиот и сите други не се ѕидови што нè делат, туку мостови што нè поврзуваат.” – велат од ВЛЕН.

