Skip to main content
Македонија

ВЛЕН: ДУИ, Левица и Арсовска го разгоруваат меѓуетничкиот оган со Ќосето

29/07/2025  13:18

Соопштение на ВЛЕН:

ВЛЕН алармира против сериозна, ниска и опасна провокација, оркестрирана од дестабилизирачкиот сојуз ДУИ – Левица – Данела Арсовска, кој се обидува да го запали огнот на меѓуетничката поделба во срцето на Скопје, преку скандалозното повторно поставување на споменикот на Андон Лазов-Ќосето, темна и насилна фигура што симболизира омраза, насилство и поделба.

Ова не е наивен чин. Тоа е намерна, добро испланирана и длабоко антиалбанска провокација, која доаѓа од политичко трио опасно за мирот, стабилноста и внатрешната кохезија на земјата. ВЛЕН нема да молчи пред овој срам, ниту пак граѓаните повеќе ќе ги голтаат старите измами на ДУИ и нејзините  партнери.

Дали повторно сме сведоци на добро познатите дестабилизирачки сценарија што ДУИ ги активира секогаш кога е во политичка и изборна криза?

Дали овој споменик е уште една стара карта што се користи за одвлекување на вниманието од целосниот неуспех на нивната влада, од корупцијата и политичкиот криминал што ги прогонува?

Јавно прашуваме: Дали одлуката за враќање на Ќосето е донесена во канцелариите во Сарај, каде што сè уште работи заеднички „темен штаб” на Арсовска и Блерим Беџети?

Кој ја даде наредбата за оваа провокација? Дали ДУИ молчеjќи го одобри овој чин за да го продолжи својот таен договор со Данела Арсовска?

Во време кога градот Скопјe се дави во ѓубре, каде што стотици семејства и бизниси немаат ни вода да пијат, кога жештината го загрозува здравјето на граѓаните, овие тројца се справуваат со споменици и меѓуетнички тензии!

И тоа не е прв пат. Да потсетиме дека споменикот на Ќосето беше изграден со владини пари кога ДУИ беше на власт, а министрите Бујар Османи и Блерим Беџети го поддржаа проектот. Па зошто денес молчат? Зошто не реагираат?

Дали ДУИ го толерира овој чин за да му угоди на својот таен партнер во Скопјe, Данела Арсовска?

Дали оваа провокација е патетичен обид да се прикријат неизбежните пукнатини и поделби во рамките на „Европскиот фронт”?

ВЛЕН остро го осудува овој обид за дестабилизација, кој не е ниту спонтан ниту случаен, туку е дел од пошироко политичко сценарио кое граѓаните веќе го знаат. ДУИ, Левица и Арсовска се токсично трио кое се храни со криза и поделби, отворена закана за нашиот мир и општествена кохезија. Повторуваме: граѓаните повеќе нема да паѓаат во стапиците на истрошени сценарија!

Тие повеќе нема да им веруваат на оние кои, по секоја провокација, кријат тендер, афера, криза во рамките на нивната лажна коалиција. ВЛЕН е гласот на стабилноста, соживотот, вистината и политичката одговорност. И конечно, порака до јавноста: Ќосето не е прашање на споменици, туку на политички морал! И во овој морал, ДУИ одамна е во стечај.