Skip to main content
Македонија

ВЛЕН: Бујар Османи го вети автопатот Скопјe-Блаце, но донесе само лаги

25/08/2025  08:53

Соопштение на ВЛЕН:

Поминаа 5 години, 7 месеци и 8 дена од свеченото потпишување на договорот за „првите 2 километри” на автопатот Скопје – Блаце, а ветувањето на Бујар Османи со кое се фотографираше и политички се фалеше остана нереализирано.

ФБ сесии, фотографи, изјави, скапи видеа, но резултати нула. Тоа е Бујар Османи.
Ветуваа автопати, оставија само албуми со слики.
Ветуваа нови болници, оставија семејни трагедии.
Ветуваа водоводи, оставија пустош.

Бујар Османи беше министер во владата на Груевски, вицепремиер за европски прашања и министер за надворешни работи кај Заев и Ковачевски, вкупно повеќе од една деценија на највисоки државни функции. За тоа време немаше резултати за овој проект, ниту за албанските општини за кои најмногу ветуваше. Имаше Фејсбук сесии, снимени видеа и лажни ветувања, а резултати нула.

Доста беше со промотивни настани на лажни големи ветувања. Бујар Османи нема што да покаже како резултат зад себе, нема реализирани проекти, нема изградено ништо, нема помогнато никому.

Бујар Османи е политичар кариерист, без резултати. Неговите ветувања денес за Чаир се исти како ветувањето за автопатот кон Блаце пред пет и половина години. Празни.