Skip to main content
Македонија

Влажен бран со дожд и снег, од понеделник стабилизација и пораст на температурите

18/02/2026  12:29

Утре, во текот на ноќта, и в петок, под влијание на нов влажен бран, ќе има повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови (до 25 литри на квадратен метар), а локално ќе има услови за појава на грмежи – соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно и постудено со умерен до засилен северен ветер. Од понеделник ќе преовладува сончево време со пораст на дневната температура.