Skip to main content
Македонија

 Влажен бран ја зафаќа Македонија

08/02/2026  15:02

Од УХМР велат дека ќе има промена на времето од утре, со променлива облачност и врнежи од дожд во поголем дел од земјата. Посебно предупредување е упатено за југозападните делови, каде се очекува да паднат над 15 литри на метар квадратен.

На повисоките места, дождот ќе премине во снег, а во котлините се очекува појава на магла, што дополнително ќе ја намали видливоста. Поради најавениот умерен до засилен ветер, се препорачува зголемена внимателност за сите учесници во сообраќајот.

Од УХМР додаваат дека следната седмица носи дополнително заладување и нови врнежи кои ќе ги зафатат и планините и дел од повисоките подрачја низ Македонија.