Skip to main content
Забава

Владо Георгиев, по 𝟣𝟥 години, возврати на честитката на Адријана Лима за Божиќ: се нижат коментари на социјалните мрежи

08/01/2025  11:23

Српскиот пејач Владо Георгиев одговори на твит на Адријана Лима од 2012 година кога таа му го честита Божиќ.

Имено, таа тогаш на „Твитер“ додека се уште беше венчана со српскиот кошаркат Марко Јариќ, напишала „Христос се роди“, а Владо, по 13 години, реши да напише одговор на нејзиниот твит, што предизвика луѓето да коментираат на социјалните мрежи.

„Навистина се роди, драга Адријана“, напиша пејачот, а потоа стави емотикон срце.

Поради ваквата постапка на Георгиев, социјалните мрежи се вжештија, а многумина подоцна му одговорија на Владо во коментари.