Skip to main content
Македонија

Владина делегација положи цвеќе на спомен плочата на Гонџа Бојаџиу – Мајка Тереза по повод 115-годишнината од нејзиното раѓање

26/08/2025  16:39

Владина делегација предводена од првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити положи цвеќе на спомен-плочата на Гонџа Бојаџиу- Мајка Тереза, по повод 115-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза.

Според вицепремиерот Меџити, добрината и човечноста на Албанците од Скопје, светот ги препознал преку ликот на Мајка Тереза.

-Мајка Тереза е симбол дека сите разлики меѓу нас се неважни доколку дејствуваме како луѓе. Градиме иднина во Скопје. Повторно ќе биде препознаено во целиот свет како центар на висока култура, развиено образование и научно-технолошки центар со перспектива за младите и хуманизам, истакна Меџити.

Цвеќе на спомен-плочата положија и членови на здружението „Скопјанката Мајка Тереза”.