![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2024/10/Ljupco-Kocevski-nov-javen-obvinitel-zakletva-14a-bg.jpg)
На денешната седница Владата донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.
Одлуката, попладнево на прес-конференција, ја соопшти портпаролката на Владата Марија Митева.
„Разочараноста на Владата од постапувањето надвор од законските надлежности, разочараноста на граѓаните од системот кој не функционира, а секојдневното продолжување со ваквите состојби резултира со нарушена доверба и нефункционирањето на правната држава“ порача таа.