Skip to main content
Забава

Вкусно и здраво јадење: Тестенини со спанаќ

02/09/2025  20:03

Брзо, едноставно, вкусно и евтино јадење за време на сезоната на спанаќ.

Состојки: (за 3 лица)
1 кромид, 2 чешниња лук, 1 лажица путер, 200 грама тестенини, 550 грама спанаќ, 150 грама сирење, сол, бибер и 2 лажици маслиново масло.

Подготовка: Сварете ги тестенините, измијте го спанаќот и исечете го на ленти. Исечкајте го кромидот и пржете го на путер (или масло). Додадете го сечканиот лук. Кога лукот ќе ја пушти својата арома, додадете го сецканиот спанаќ. Кога ќе омекне, додадете ги сварените и исцедени тестенини. На крај, додадете рендано сирење по ваш избор. Сол, бибер, додадете маслиново масло. Измешајте сè заедно и јадењето е готово. Покријте, оставете неколку минути за сирењето да се стопи и сервирајте.