Skip to main content
Македонија

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

15/06/2025  13:58

Согласно најновите информации, до овој момент вкупно 22 лица побарале асистенција за напуштање на територијата на Израел и враќање во Северна Македонија. Станува збор за државјани на Северна Македонија, како и членови на нивните потесни семејства, информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Во тек се активности за нивна скорешна евакуација и трансфер до безбедна локација, од каде што дополнително ќе се организира нивно враќање во земјата.

Напоменуваме дека дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив е во постојана комуникација со нашите државјани, а Министерството за надворешни работи и надворешна трговија активно работи на обезбедување на сите неопходни услови за нивно безбедно враќање.