Skip to main content
Балкан

Вјоса Османи ја предаде функцијата на в.д. претседателката Албулена Хаџиу

04/04/2026  20:46

Косовската претседателка, Вјоса Османи, своите овластувања ги предаде на претседателката на парламентот Албулена Хаџиу, која во наредниот период ќе ја извршува функцијата вршител на должност претседател. Церемонијата се одржала во кабинетот на претседателката.

Османи изјавила дека зад себе остава извонредни дела.

Хаџиу, изјавила дека должноста ќе ја извршува во согласност со Уставот и законите на Косово, нагласувајќи дека е свесна за одговорноста што ја презема. Таа ѝ се заблагодарила на Османи за нејзината посветеност во служењето на државата.