Skip to main content
Балкан

Визнер: Администрацијата на Трамп не треба да биде „во искушение“ од територијални решенија на Балканот

20/12/2024  12:02

Поранешниот претставник на СAД во преговорите за статусот на Косово, Френк Визнер, вели дека напредокот на Косово варира од прашање до прашање, дека не постигнало се што сакало, но дека се изградило како суверена држава во европското семејство.

Во интервју за сервисот на Радио Слободна Европа на албански јазик, Визнер вели дека Србија се уште не е подготвена да ја прифати реалноста на независно Косово, па затоа договорите меѓу двете земји, според него, не функционираат.

Тој вели дека Косово од свои причини треба да формира Заедница на општини со српско мнозинство, но со „многу ограничени ингеренции“.

Визнер смета дека се уште е рано да се каже што може да се очекува од администрацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во однос на Западен Балкан.

Сепак, тој додаде дека се надева оти новата администрација на Трамп нема да биде „во искушение“ да ги промени границите на Западен Балкан.