Skip to main content
Скопје

Витина за Пановски: Советник кој за 4 години само еднаш зема збор, не може да коментира друг ангажман

10/06/2025  15:09

Денес пуленот и заменик на Трајко Славевски, Никола Пановски го демонстрираше своето лицемерие и способност за вешта политичка манипулација, вели Ирена Витина.

Советникот Никола Пановски кој за цел четиригодишен мандат само еднаш зема збор – да се отпочне истрага за украдените клупи на кеј – нема ниту морален, ниту политички кредибилитет да коментира за ангажманот на друг.

Пановски е познат по тоа што на седниците на Совет доаѓа по 5 (пет) минути, се потпишува дека дошол и веднаш си заминува. Има попаметна работа од тоа да гласа за нови автобуси за скопјани, за нова механизација и делови за да може да функционира Комунална хигиена. Врвот на неговите активности му се изјавите во медиуми против Арсовска, со кои се обидува да е актуелен.

Неговите обвинувања кон градоначалничката се провидни, особено кога доаѓаат од некој што досега бил статист во Советот, а сега глуми засегнат критичар, во обид како Славевски да се догребе до нова функција.

Уште потрагично е што наместо да биде независен и одговорен советник и претставник на граѓаните, Пановски делува како продолжена рака на Трајко Славевски во партиските игри во Советот на Град Скопје. Може ќе го стават вицеГувернер, стои во соопштението на Ирена Витина, член на Совет на град Скопје.