Skip to main content
Скопје

Витина: Незаконското градење продолжува, каде се институциите и зошто не постапуваат

12/07/2025  16:34

Соопштение за јавност нa Ирена Витина – Член на Советот на Град Скопје:

И покрај нашето вчерашно присуство на терен и поднесената пријава до надлежните органи за небезбедна зграда дивиградба која без документи се гради на булевар Никола Карев, сепак без срам денес продолжуваат градежните активности на истата дивоградба која се наоѓа на 100 метри од полициска станица. Работата се одвива непречено, пред очите на Министерството за внатрешни работи, без никаква интервенција и без реакција од другите надлежни институции.

Овој случај уште еднаш го отвора прашањето каде се институциите и зошто не постапуваат?

МВР, државната градежна инспекција на министерството за транспорт и општинските градежни инспекциски служби на општина Чаир имаат законска обврска веднаш да го спречат понатамошното незаконско градење и да обезбедат соодветна одговорност за сите инволвирани.

Граѓаните имаат право на уреден, безбеден и законски регулиран простор. Толерирањето на небезбедни дивоградби, особено кога тие се градат и по официјално поднесени пријави, е директно кршење на правниот поредок и ја поткопува довербата во институциите. Се потврдува изјавата на еден од полициските службеници каде бевме вчера скоро 3 часа во полициска станица Кисела Вода, дека на определена територија во општина Чаир немаат никаква моќ на постапување.

Очекуваме итна реакција да се спречи беззаконието, законот мора да важи еднакво за сите.