Skip to main content
Македонија

ВИСТИНСКОТО ЛЕТО ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА: Следната седмица температури до 36 степени!

29/05/2025  08:42

Метео анализа на Славчо Попоски:

По долго очекување, конечно лубителите на летните температури си доаѓаат на своето. Од недела (1 јуни), како и во текот на целата наредна седмица, нашата Република Македонија ќе биде под влијание на топол воздушен бран со потекло од Африка. Во ваква ситуација температурите ќе бележат голем пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32/33 степени, додека од средината на следната седмица во Повардарието температурите ќе се искачат  и до околу 36 степени.

И во Скопје  и околината од недела (1 јуни) температурата ќе бележи голем пораст, па така во текот на следната седмица таа ќе надминува 30 степени.

Инаку за време на овој период времето ќе биде многу постабилно и претежно суво со многу повеќе сонце. Сепак, повремено и локално можна е сосема мала дестабилизација на атмосферата со услови за сосема краткотраен локален дожд.