
Ричард Верма, американски заменик државен секретар за управување и ресурси од вчера (7 јануари) па со до 11 јануари ќе биде во службена посета на регионот на Западен Балкан.
Верма ќе ги посети Албанија, Косово и Србија.
Темите на кои американскиот државник ќе разговара се демократскиот напредок на Албанија, односите Белград – Приштина, стратешкото партнерство со Србија.
Република Македонија не е на мапата на држави кои американскиот димпломат ќе ги посети во овој период, што отвора прашања за статусот на односите меѓу САД и нашата земја.