Skip to main content
Хроника

Вирус се шири со лажни е-маил пораки за наводна тендерска документација

20/03/2025  14:33

Граѓани, клиенти и соработници на Стопанска банка – Скопје добиле сомнителна е-маил порака во име на оваа банка со малициозен прилог за наводна тендерска документација. Од Стопанска банка – Скопје упатуваат на внимателност бидејќи истите не се испратени од официјалниот е-маил на Стопанска банка.

– Никако не ги отворајте документите прикачени во ваков вид дописи. Во случај да сте извршиле деархивирање и активација на прикачениот документ, препорачуваме веднаш да извршите комплетно скенирање на Вашиот уред со кое било антивирусно решение. Овој вид на е-маил пораки најдобро е веднаш да ги бришете. Доколку се сомневате во некоја порака испратена во име на Стопанска банка, веднаш контактирајте ги нашите вработени за да ги разрешите сомнежите – информираа од Стопанска банка АД – Скопје.