
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Д.С.(36) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 20.08.2025 во с.Драгобраште, виничко, полициски службеници извршиле контрола на такси возило во кое бил пријавениот, при што во обид да побегне фрлил марихуана и проголтал две таблети амфетамин.