Skip to main content
Македонија

Викендов во Македонија ќе ни биде ладен и со ветер, ќе провејува и снег

21/02/2026  08:36

Под влијание на ладна воздушна маса од север викендов во Македонија ќе биде релативно ладен и променлив со сончеви периоди и со повремено засилен ветер од северен правец. Локално ќе провејува  и снег, особено на повисоките населени места  и на планините  и Скијачките центри.

Во Скопје  и околината исто така времето викендов ќе биде променливо облачно со сончеви периоди а повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.

Што се однесува до температурите тие особено наутро на повеќе места ќе се спуштаат под нулата  и тие ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 2 степени а преку денот температурата ќе се искачува во интервалот од 2 до 10 степени.

Поради ветерот  и ладното време ве советувам доколку излегувате особено во ноќните  и во утринските часови задолжително со вас да си понесете значително потопла облека.