
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 70км/ч.), информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 27 до 36 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Во деновите од викендот времето ќе биде сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер ( локално над 70км/ч.) кој ќе предизвика опаѓање на дневните температури за 4-6 степени во споредба со денешните.
Од понеделник дневните температури повторно ќе бидат во постепен пораст.