Skip to main content
Свет

Виетнам под налет на тајфунот Калмаеги

06/11/2025  18:56

Тајфунот Калмаеги денеска го погоди брегот на Виетнам, откако претходно ги опустоши Филипини.

Виетнамските централни провинции Дак Лак и Џа Лај се погодени од обилни дождови и ветер со брзина до 149 километри на час.

Тајфунот предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија, затворени се шест аеродроми и откажани се стотици летови. Околу 268.000 војници се во состојба на готовност за да помогнат во спасувачките операции.

Тајфунот Калмаеги е 13-та бура што во погоди Виетнам оваа година.

Претходно, Калмаеги на Филипини усмрти 114 луѓе и предизвик аголема материјална штета.