Skip to main content
Свет

Виетнам го укина ограничувањето „две деца“ – сега семејствата сами ќе одлучуваат

04/06/2025  12:54

Виетнам по 37 години го укина ограничувањето за семејствата да имаат само две деца. Сега семејствата сами ќе одлучат колку деца ќе имаат.

Мерката за две деца во Виетнам беше воведена во 1988 година, но сега се суспендира поради стравот дека ниската стапка на наталитет негативно ќе влијае на економијата.

Виетнам има население од околу 100 милиони, а во изминатите три години стапката на фертилитет е под потребниот праг на репродукција од 2,1, што е историски низок индикатор. Феноменот главно ги погодува главниот град Ханој и Хо Ши Мин – двата економски центри на Виетнам, каде што трошоците за живот се високи.