
Ана Костадиновска, придружниот вокал на ДНК и една од тројцата преживеани членови на групата во трагичниот пожар, продолжува да добива огромна поддршка од своите најблиски, колеги, соработници и ученици.
По загубата на своите драги пријатели и колеги, таа повторно се огласи на социјалните мрежи, споделувајќи емотивна порака што ѝ ја испратиле нејзините ученици.
Меѓу бројните пораки на охрабрување, Ана објави рачно напишано писмо од две деца кои ѝ испратиле порака за брзо опоравување, придружена со мало подароче.
„Драга професорке! Ви посакуваме брзо опоравување и што поскоро да ви се врати насмевката на лицето. Ве сакаме, Илија и Драгана“ – ѝ порачаа нејзините ученици.
Трогната од нивните зборови, Ана им возврати:
„Вие сте мојата насмевка и сила. ВЕ САКАМ, деца мои.“
Овој емотивен момент ја покажува поддршката што Костадиновска ја добива од сите страни во овие тешки моменти, особено од оние кои најмногу ја ценат – нејзините ученици.
