Skip to main content
Хроника

(Видео) Жестока тепачка на основци во Сарај

13/12/2025  12:18

Вознемирувачко видео се шири на социјалните мрежи од групна тепачка на ученици во училишниот двор на централното основно училиште „Дитурија“ во скопското село Сарај, додека дел од присутните само гледаат или снимаат со мобилни телефони, објави Слободен печат.

Снимката прикажува како неколку ученици физички се пресметуваат со боксови, клоци… А околу нив стојат други деца, кои не реагираат за да го спречат насилството туку снимаат со телефони.

Во моментот не е познато кога точно е снимено видеото, ниту дали училиштето или надлежните институции презеле мерки по инцидентот.