Skip to main content
Хроника

(Видео) Запалил автомобил па заврши во притвор, уапсен жител на Кондово

21/09/2025  11:21

На 20.09.2025 полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Г.(35) од с. Кондово, скопско, затоа што истиот ден околу 09:00 часот во Кондово, со употреба на бензин, го запалил патничкото возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ш.Ѓ.(51) од с. Кондово.

СВР Скопје против А.Г. поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност” по член 288 од КЗ, а од страна на судија на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје, одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.