Skip to main content
Свет

(Видео) Во САД се урна авион во населен дел, има повредени

09/03/2025  22:17

Мал авион се урна во резиденцијален дел во градот Манхајм во сојузната држава Пенсилванија, САД.

Според првичните информации на американските медиуми, голем број луѓе се повредени.

На местото на настанот се испратени бројни спасувачки екипи.

Авионот паднал на паркинг, по што избувнал пожар. Несреќата се случила околу 15 часот и 20 минути по локално време. 

На социјалните мрежи се појавија фотографии од местото на настанот. Се уште не е познато колку патници имало во авионот.