Skip to main content
Македонија

(Видео) Вечерва во 21.00 десетта епизода на Подкаст ЗРАК, темата е борбата со ракот кај децата

29/12/2024  20:04

Карциномот кај најмладата популација, односно кај децата е темата на јубилејната десетта епизода од подкастот ЗРАК со д-р Марина Вукашиновиќ. 

Во подкастот за борбата на најмалите херои зборуваат  Д-р Снежана Коруноски спец. педијатар на хематоонкологија и младата Андријана Серафимовска, од САНО – здружение за подобро здравје, образование и социјална грижа со посебна емпатија кон деца со малигни болести, која и самата има пребродено канцер на коски на своја 12годишна возраст. 

Емитувањето на епизодата е во 21.00 а можете да ја проследите на линкот во продолжение