
Пожарот во депонијата Вардариште се уште се гасне, а превентивно е исклучена блиската трафостаница поради што делови од Скопје се без електрична енергија.

За пожарот во Вардариште потврдуваат и од РЦУК Скопје.
„РЦУК – Скопје, известува дека БППЗ од околу 12:00 часот во кругот на поранешната депонија Вардариште на поголема неутврдена површина гаснат запалена сува трева и отпаден материјал. Моментално во гаснењето учествуваат 7 ПП возила и најмалку 20-тина пожарникари. Поради опасноста од зафаќање на трафостаница и електрични водови, превентивно струјата е исклучена и поради тоа поголемиот дел од Општината Аеродром е без електрична енергија“ велат оттаму.