Skip to main content
Хроника

(Видео) Тешка сообраќајка на автопатот Тетово – Скопје

11/01/2026  17:08

Сообраќајна несреќа се случи попладнево на автопатот Тетово – Скопје.

Две возила се судриле, а едно од нив е сериозно оштетено и свртено во спротивна насока, се гледа од видеото објавено на 24инфо.мк.

Засега нема информации за причините за несреќата ниту дали има повредени лица.

Повеќе детали очекуваме од МВР во текот на денешниот или утрешниот ден.