Skip to main content
Балкан

(Видео) Страшно невреме во Словенија

22/07/2025  13:23

Западна Словенија, по должината на границата со Италија, вчера попладне беше погодена од силна бура што се движеше кон исток во попладневните часови.

Невремето го погоди подрачјето на Бовац и Кобарид, а потоа се движеше кон Крањ и Камник. Во Љубљана, силните ветрови со кратки врнежи од дожд кршеа гранки и предизвикаа штета на некои згради.

На подрачјето на главниот град на Словенија, повеќе од 7.000 корисници останаа без електрична енергија, најмногу во областите Хорјул, Полхов Градец, Домжале, Литија и Грошупље.

Силниот ветер корнел дрвја и на други места, а поради дрвја на патот, сообраќајот е во прекин на автопатите Долењска и Приморска, како и на јужната и западна Љубљанска обиколница, соопшти сообраќајниот информативен центар, повикувајќи ги возачите да бидат претпазливи.