
Македонските ракометари во третиот меч на Европското првенство во ракомет ја забележаа првата победа.
Македонија ја совлада Романија со резултат 24:23 а победата дојде со голот на Ненад Костески во последната секунда од мечот.
Погледнете го драматичниот финиш
Нашите ракометари водеа во текот на мечот, но при крајот на мечот испуштија шанса за поубедлива победа и зголемени теоретски шанси за пласман во следната фаза.
Во македонската репрезентација најефикасен беше капитенот Филип Кузмановски со девет погодоци.
