Skip to main content
Македонија

Видео со дрон од пожарот во Вардариште – делови од Аеродром и Лисиче без струја

31/08/2025  18:01

Голем пожар попладнево избувна во скопската населба Вардариште. Поради безбедносни причини, исклучени се далеководите кои ги снабдуваат со електрична енергија делови од Аеродром и Лисиче.

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али, информираше дека на терен интервенираат 13 пожарникари со 5 противпожарни возила.

„Екипите се уште се на терен и се прават напори пожарот да се локализира,“ изјави Али.

Жителите на овој дел од градот со загриженост ја следат ситуацијата, додека надлежните служби работат на спречување на ширењето на огнената стихија.