Skip to main content
Македонија

Видео: Сериозна несреќа во Битола – паднат кран, повреден работник

31/05/2025  17:01

Попладнево, околу 14:02 часот, во кругот на старата касарна во Битола се случи сериозен инцидент – кран падна врз објект кој е во изградба.

Според првичните информации до кои дојде 4news.mk, едно лице е повредено и истото со возило на Брза помош веднаш било пренесено во болница, а самата градба е значително оштетена.

Станува збор за локацијата каде се гради Голем трговски центар КАМ MaLL, а од таблата на теренот се гледа дека изведувач на работите е Фабрика Карпош АД – Скопје, додека инвеститор е КАМ ИМОБИЛИЕН ДООЕЛ – Скопје.

Во продолжение, погледнете ги првите видеоснимки од местото на несреќата, кои сведочат за сериозноста на ситуацијата и големината на штетата.