Skip to main content
Свет

(Видео) САД го потврдија нападот на бази во Ирак и Катар, сирени се слушаат и во Бахреин

23/06/2025  19:32

САД следат повеќе ракети испукани од Иран кон американските воени бази во Катар и Ирак, дознава Си-Ен-Ен од двајца функционери.

Министерот за одбрана Пит Хегсет и началникот на Здружениот штаб Ден Кејн се во Кризната соба, според официјален претставник на Белата куќа, како и американскиот претседател Доналд Трамп.

Висок функционер претходно изјави дека претставници на Белата куќа и Министерството за одбрана ги следат потенцијалните закани за напад врз воздухопловната база Ал Удеид во Катар. Трамп ја посети базата минатиот месец, првиот претседател што ја посетил од 2003 година. Тоа е најголемата американска воена база на Блискиот Исток.

„Ниту една посета на Заливот не би била комплетна без да се застане и да се оддаде почит на луѓето кои ја одржуваат Америка безбедна, силна и слободна“, им рече Трамп на војниците во базата на 17 мај.

Во меѓувреме на социјалните мрежи проирански профили пласираат видеа како во Бахреин се слушаат сирени за воздушна опасност.