
Додека камапњата за локалните избори е во полн ек, додека се редат проектите и програмите на кандидатите за градоначалници, 24инфо.мк заедно со познатиот водител Марко Новески направи малку поинакви интервјуа со кандидатите за градоначалници.
Која е нивната најголема маана, од што најмногу се плашат, што би биле ако не се во политиката, се дел од прашањата на кои одговараат неколку кандидати за градоначалници.
Во вториот дел, честа да одговори на овие прашања ја имаше Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
На прашањето која е неговата најголема маана, Ѓорѓиевски одговара дека понекогаш особено рано наутро, знае да задоцни, па затоа другите тоа му го замеруваат и префрлаат.
Во однос на прашањето „Што би бил доколку не бил политичар“ Ѓорѓиевски одговара дека тој завршил средно медицинско училиште и дека доколку не се бавел со политика големи биле шансите да стане доктор.
Ѓорѓиевски во разговорот најави и воведување целосна дигитализација на услугите од градот, хумано решевање на проблемот со бездмоните кучиња, како и враќање на сјајот на ноќниот живот во Скопје.
На крајот, Ѓорѓиевски најави дека ако стане градоначалник, уште во првиот ден ќе ги отстрани рампите на влезот во бараките каде е сместен Град Скопје.
„Градот колку е на градоначалникот, уште повеќе е на граѓаните, на медиумите и целата јавност, така што една од првите работи што ќе ја направиме е дента кога ќе влегувам во Градот, ќе биде остранување на овие бариери