Skip to main content
Скопје

(Видео) Пукна водоводна цевка во Влае, пола Скопје е без вода

05/10/2025  21:55

Една од главните водоводни цевки вечерва пука во населбата Влае.

На видеото подолу се гледа дека цела улица во Влае е поплавена а водата влегува и во дворовите и подрумите.

Граѓани на социјалните мрежи јавуваат дека вода веќе нема во Влае, Козле, Карпош 3 и 54, Злокуќани…

Се чека одговор од надлежните за обемот на штетата и колку време ќе треба да се санира дефектот.