Skip to main content
Македонија

(Видео) Пратеникот Петар Ристески – Пеката без срам признава дека вработувал сопартијци бидејќи се членови на ВМРО-ДПМНЕ, а не дека се способни

16/06/2025  15:15

На Инстаграм профилот на Канал 5 беше објавен краток извадок од новата епизода на емисијата „На кавга со Иван“, која ќе се емитува вечерва.

Во видеото се слуша изјава од поранешниот директор на болницата во Прилеп, кој сега е пратеник на ВМРО-ДПМНЕ – Петар Ристески. Изјавата е дадена на партиски состанок во просториите на ВМРО-ДПМНЕ, каде присутни се и вработени во болницата:

„Никој овде не е вработен од што е многу способен, туку затоа што е партиски член.“

Новинарот Иван Мирчевски, кој ја води емисијата, го интерпретираше ова како признавање на партискиот критериум при вработување, велејќи:

„Вие не сте вработени затоа што сте убави, туку затоа што сте членови на ВМРО-ДПМНЕ.“

На прашањето дали станува збор за мотивациски говор, Ристески одговара:

„На некој начин е, бидејќи треба да се разбуди свеста за нешто што работеле, добиле, и треба и нормално да продолжат да работат со своите активности за да овозможат партијата на која се членови и имале некој бенефит да победи на избори.“