
Драматична акција за спасување се одвивала вчера попладне во општина Бутел.

Имено, по течението на реката Серава спроти градските гробишта Бутел, повозрасен маж паднал во коритото на реката.
Несреќата била пријавена до надлежните по што на лице место излегле екипи на протипожарната бригада, полицијата и Итната медицинска помош, по што лицето било спасено и однесено до здравствена установа.
Граѓани за 24инфо.мк велат дека коритото на Серава не се одржува, целото е обраснато со грмушки и треви и ова не е прв случај за ваква несреќа, бидејќи пред околу еден месец, таму паднала и една повозрасна жена, која за среќа минала полесно и била спасена од случајни минувачи.