Skip to main content
Македонија

(Видео) По Милица Заветница и српскиот министер за одбрана со контроверзни пораки на Кајмакчалан

09/09/2025  15:43

Српскиот министер за одбрана Братислав Гашиќ, поранешен директор на БИА, на државната комеморација на 7 септември 2025 година на Кајмакчалан испрати порака со силен историски наратив: таму „е пробиен патот на слободата“ и оттаму започнал „враќањето во татковината“, „Капијата на слободата“ низ која српската војска повторно „закорачила у своју земљу“.

Паралелно, членката на српската влада Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски која е и претседателка на партијата „Заветници“, на истиот врв, повика „пораката да се слушне од Кајмакчалан: Србија живее, трае и ќе трае додека постои единството на нашиот народ“, под слоган „Знамето на единството“. Македонски дипломати и коментатори предупредија дека ваквата рамка испраќа несоодветни сигнали кон македонската јавност – „Србија не треба да бара ‘српски свет’ во Македонија“, вели поранешниот амбасадор Благој Зашов за „Рацин.мк“.

Комеморациите за Првата светска војна на т.н. Солунски фронт традиционално привлекуваат делегации од повеќе држави. Но годинашната порака од Белград – „единство каде и да живее српскиот народ“ – во Скопје се чита како преминување од сеќавање кон политичка мобилизација.

За сега се уште нема никаква реакција на Министерството за надворешни работи на Македонија по однос на овие тврдења.