Skip to main content
Скопје

(Видео) Ова е најурнисаниот и највалкан јавен објект во Скопје

17/09/2025  14:56

Скопје не е град што може да се пофали со висок степен на јавна чистота.

Ѓубре по улиици, по тревнати површини, исушени жардиниери претворени во канти за отпадоци, вистинските канти за отпадоци демолирани, а контејнерите преполни.

Ова со години е сликата за Скопје и зиме и лете.

Но покрај јавните површини, и јавните објекти се на катастрофално ниско ниво на хигиена. Во ѓубре се дават и дворовите и влезовите дури и на здравствените објекти.

Но дефинитивно еден јавен објект со години ја носи титулата најруиниран и највалкан јавен објект во Скопје.

Тоа е зградата на Железничката станица, каде е сместена и меѓуградската автобуска станица.

Уште на самиот приод кон зградата ве очекува најразличен вид на ѓубре, расфрлан на земја или пак стуткан некаде по ќошињата кои се претворени во микро депонии.

Какошто се гледа на видеотот, сликата не се менува ниту кога ќе влезете во Железничката станица.

Дотраен, валкан ентериер, инфо табли и екрени што не работат е првата слика што ве пречекува.

Како што се движите кон пероните сликите стануваат се поморничави, ѓубре, отпушоци, измет од гулаби, распаднат плафон, скршени прозорци од каде влегува уште ѓубре и прашина. Со еден збор не се знае каде е понечисто, дали надвор или внатре.

Ситуацијата е нешто подобра внатре во Автобуската станица, најверојатно затоа што објектот го стопанисува концесионер кој се труди да ја одржува чистотата.

Иако оваа слика трае со години ниту една институција до сега, не преземала „робусна“ акција за темелно чистење на овој објект кој е од репрезентативно значење за Градот (не толку затоа што пристигнуваат возови, бидејќи Македонија со години нема меѓународен патнички железнички сообраќај туку поради уникатноста на објектот и нејзиниот креатар Кензо Танге) додека граѓаните сосвоите лошинавики продолжуваатда трупаат ѓубре околу себе.