Skip to main content
Свет

(Видео) Неколку месеци по отворањето, делумно се сруши мост во Кина

11/11/2025  15:53

Дел од неодамна отворен мост се урна во југозападната кинеска покраина Сечуан, покрај националниот автопат што го поврзува централниот дел од земјата со Тибет, соопштија во вторник локалните власти, додавајќи дека нема извештаи за жртви.

Полицијата во кинескиот град Маерканг го затвори мостот Хонгки, долг 758 метри , за целиот сообраќај во понеделник попладне, откако се појавија пукнатини на блиските падини и патишта, а на планината беа забележани и поместувања на земјиштето, соопшти локалната самоуправа, пренесува Ројтерс .

Пристапниот мост и патот се урнаа во вторник попладне, предизвикувајќи лизгање на земјиштето, се додава во соопштението.

Изградбата на мостот беше завршена претходно оваа година, според видео објавено на социјалните мрежи од изведувачот, „Сичуан Роуд енд Бриџ Груп“.

Првите знаци на опасност се појавија во понеделник, кога беше откриена деформација на наклонот на десниот брег од автопатската делница во близина на мостот Хонгки, објави „Чајна дејли“.

Во понеделник во 17:25 часот, за време на локална инспекција, беа идентификувани потенцијални ризици, објави „Сичуан дејли“.

Откако го откриле проблемот, локалните власти веднаш презеле итни мерки.

Членови на одделенијата за јавна безбедност, сообраќај и природни ресурси пристигнаа на местото на настанот за итна интервенција.