Skip to main content
Македонија

(Видео) Не е само почвата – и Вардар е затрупан со ѓубре

27/10/2025  20:24

Попладнево, на локалните медиуми од Тетово, се појави видео кое покажува дека реката Вардар е преплавена со пластични шишиња кои слободно пливаат по текот на реката.

Илјадници пластични шишиња фрлени во реката Вардар, ситуацијата е забележана во близина на Копанце, пишува Тетово инфо на социјалните мрежи.

Ова ѓубриште ќе дојде до Скопје, каде Вардар, исто така е со натрупано ѓубре, кое и патките едвај го избегнуваат. Деновиве може да очекуваме само дополнително влошување на состојбата.