Skip to main content
Македонија

(Видео) Мицкоски изостана од видеото на Рама од ракувањето со лидерите

17/05/2025  14:04

Албанскиот премиер Еди Рама утрово објави видео од приемот на шефови на влади и држави кои учествуваа на самитот на Европската политичка заедница што се одржа во Тирана.

На во видеото од 3.50 минути каде Рама ги дочекува присутните и каде клекнува на колена пред италијанската државничка Џорџа Мелони, во ниту еден кадар нема поздравување со македонскиот премиер Христијан Мицкоски. 

Мицкоски отпатува во Тирана на самитот, имаше неколку средби меѓу кои и со британскиот премиер Страмер, но изостана од видеото објавено од Рама. 

Се уште не се знае дали е случаен пропуст или пак Мицкоски намерно е изоставен од видеото на Рама.