Skip to main content
Скопје

(Видео) Лисица забележана и во Гази Баба

15/06/2025  10:40

Откако неколку денови по ред граѓани јавуваат дека чопор лисици шетаат по улиците на Козле, утрово лисица е забележана и на друга локација во Скопје.

Една лисица се има појавено во Гази Баба, поточно кај Природно математичкиот факултет.

Појавата на лисици не овие локации сериозно ги плаши граѓаните, особено што оние во Козле почнаа да напаѓаат и домашни миленици.