Skip to main content
Македонија

(Видео) Керим: Очекуваме полни туристички капацитети за новогодишните празници

15/12/2025  09:40

Аркан Керим, претседател на туристичко – угостителската комора при Сојузот на стопански комори на Македонија во изјава за 24инфо.мк истакна дека очекува туристичките капацитети во државата да бидат целосно исполнети за време на Новогодишните и Божиќните празници.

„За Новогодишните празници очекуваме дека до крајот на оваа недела дека сите капацитети ќе се наполнат и ќе имаме голем број на туристи ќе ја посетат Македонија. Оптимисти сме бидејќи ваквите настани се продаваат „last minute“. И со програмата но и со вештачката интелигенција која може да помогне, се надевам дека ќе успееме да ги наполниме сите туристички капацитети и се надевам дека за Нова Година ќе биде полно и Скопје и Охрид, но и другите туристички места како Маврово, Шапка, Дојран, Гевгелија, Битола…“ порача Керим.

Според него 2025 може да се каже дека е успешна туристичка година и покрај бројните предизвици со кои се соочи туристичкиот сектор во државата