Skip to main content
Хроника

(Видео) Казнет е возачот што возеше по тротоар среде Скопје

31/03/2025  15:12

Пред неколку денови, 24инфо.мк објави видео каде се гледа како патнички автомобил вози на пешачка зона на тротоар среде Скопје.

Денес, Министерството за внатрешни работи објави дека против лицето кое возело е изречена казна.

„На 31.03.2025 полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа и извршија службен разговор со Л.М. од Скопје, затоа што со патничко возило “ауди” со скопски регистарски таблички на 28.03.2025 се движел по тротоар и по зелена површина на бул. “Гоце Делчев” на Бит Пазар во Скопје и со тоа ја загрозил безбедноста на пешаците. Снимка од настанот беше споделена и на социјалните мрежи. Против Л.М. се поднесени соодветни поднесоци“ се наведува во соопштението на МВР.

Ова е една мала победа и успех на 24инфо.мк во генералната борба против корупцијата и постпувањето спротивно на законите. Ве охрабруваме како наши читатели до нас да доставувате фото и видео материјали на кои се гледа еклатантно прекшрување на законските прописи.