Skip to main content
Македонија

(Видео) Карциномот кај децата е темата на најновата епизода на подкаст ЗРАК со д-р Марина

29/12/2024  12:38

Карциномот кај најмладата популација, односно кај децата е темата на јубилејната десетта епизода од подкастот ЗРАК со д-р Марина Вукашиновиќ. 

Во подкастот за борбата на најмалите херои зборуваат  Д-р Снежана Коруноски спец. педијатар на хематоонкологија и младата Андријана Серафимовска, од САНО – здружение за подобро здравје, образование и социјална грижа со посебна емпатија кон деца со малигни болести, која и самата има пребродено канцер на коски на своја 12годишна возраст. 

Терминот на емитување е вечерва од 21.00 часот.