
Во третиот дел од „Пет прашања за Скопје“ кандидатите за градоначалник на Скопје одговараат на прашањето за тоа какви јавни услуги и јавен превоз ќе им понудат на граѓаните.
На прашањето одговараат кандидатите Александар Трајановски од ЛДП/ГРОМ, Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, Каја Шукова од СДСМ, независниот кандидат Горан Марковски и Амар Мециновиќ од Левица.
Јавниот превоз во Скопје во последните години е во хаос, ЈСП тоне во долгови, автобусите се дотраени и често се расипуваат, што претставува огромен проблем за десетици илјади граѓани кои секојдневно мора да користат јавен превоз.
Во следните денови 24инфо ќе ги објави и четвртиот и петтиот дел од дебатата „Пет прашања за Скопје“.