Skip to main content
Скопје

(Видео) Јакимовски бара прогласување вонредна состојба во Скопје за справување со ѓубрето

21/10/2025  20:05

Карпош се дави во смет а ние се бориме, рече градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски во видео објавено на социјалните мрежи.

„Иако собирањето отпад не е наша работа, деновиве со три мали камиончиња за лисја ги расчистуваме контејнерите што Комунална хигиена ги остави преполни. Од 7 сабајле до 7 вечер, нашите луѓе се на терен. Не можеме да ги оставиме улиците да тонат во смет, се бориме колку што можеме“ рече тој.

Јакимовски побара воведување вонредна состојба во Град Скопје и активирање на други институции како ЦУК и АРМ.

„Ова трае предолго. Инсистирам Владата да воведе Вонредна состојба за собирање на сметот, инсистирам да се вклучат и други инситуции како Центар за управување со кризи, Македонија пат, војската да се вклучи со свои возила исто така“ порача Јакимовски.